Он лајн Јавната расправа како дел од процесот за консултација на јавноста по Нацрт законот за прогласување на Шар Планина за национален парк даде можност на многу засегнати страни со различни интереси да ги проследат информативните материјали за проценка на природните вредности на ова подрачје во корeлaција со социо-економските елементи и Нацрт законот кој ги регулира типот на заштита, границите и заштитните зони и начинот на управување со идното заштитено подрачје. Исто така, присутните беа информирани дека прашањето кои активности и каде смеат да се спроведуват ќе бидат предмет на обработка во Планот за управување со идниот национален парк, кој допрва ќе се изработува и во чија изработка јавноста ќе биде максимално консултирана и вклучена.
На настанот, присутните имаа можност да постават прашања, коментари и забелешки. На дел од нив се споделија одговори, а делот кој што остана неодговорен е сниман на самата јавна расправа како официјален материјал на кој ќе биде детално одговорено во финалниот извешатај од јавните консултации со образложение, што исто така ќе биде јавно достапен при изработката на финалнaта верзија на овој закон.
Процесот на консултации се уште е отворен и коментари/мислења/сугестии може да се доставуваат до 15 ноември 2020 година на: infoeko@moepp.gov.mk, по пошта на адреса: Министерство за животна средина и просторно планирање, плоштад Пресвета Богородица бр.3, 1000 Скопје или на отворените телефонски линии на Архус Центарот: 070 666 230; 076 319 503 и 076 319 501.