Mинистерската конференција “Наследство за иднината”

01Државниот секретар Ана Петровска на 20 септември престојуваше во Подгорица, како шеф на македонската делегација на министерската конференција насловена “Наследство за иднината”.

 

На конференцијата заседаваат високи претставници на Министерствата надлежни за животната средина од земји од Централна и Источна Европа, предводени од Министерот за одржлив развој и туризам на Црна Гора.

1okНа конференцијата се разгледува Рамковен документ врз основа на кој Република Кина и земјите во регионот ке ја развиваат соработката и ќе обезбедуваат финансиски средства за реализација на приоритетни проекти.

 

Во блокот наменет за обраќања на високите претставници, Петровска ги поздрави присутните информирајќи за напорите на Министерството за животна средина и просторно планирање во насока на усогласување со стандардите за животна средина на ЕУ и подготвеноста за вклучување на Македонија во оваа иницијатива.

 

6Попладнето Петровска и Македонскиот амбасадор во Црна Гора Мухаило Трпковски имаа билатерална средба со Министерот за одржлив развој и туризам Павле Радуловиќ и неговите соработници.

На средбата се дискутираа можните области за соработка помеѓу Македонија и Црна Гора со цел поефикасно искористување на средствата што ке бидат достапни преку регионалната соработка со Република Кина.