Министерството за животна средина и просторно планирање, заедно со Милиеуконтакт Македонија, Ве поканува да учествувате на онлајн настанот „Кон подобро управување со рамсарското место, Дојранско езеро“, која се одржува по повод одбележувањето на 2 февруари – Светскиот ден на водните живеалишта (World Wetlands Day) и 50 години од Рамсарската Конвенција.
Настанот ќе се одржи на 02.02.2021г. (вторник), преку електронската платформа ZOOM, со почеток во 11 часот.
Фокусот на видео настанот ќе биде на природните вредности и активностите за заштита на споменикот на природата – Дојранско Езеро, како најстаро прогласено Рамсар место во нашата држава. Настанот е регистриран на официјалната веб страница на Рамсар:https://cutt.ly/aj2ort0
Оваа година се навршуваат 50 години од усвојувањето на Конвенцијата за водни живеалишта, во иранскиот град Рамсар на бреговите на Каспиското Море, а темата се однесува на водните живеалишта – како извор на свежа питка вода и начините на кои можеме да ги обновиме и да го спречиме нивното уништување.
Линк за вклучување:
https://us02web.zoom.us/j/88662487574?pwd=TDFVWTBzSVRDMFBwVkgwR0ZQamgydz09
Meeting ID: 886 6248 7574
Passcode: 991949