2 Февруари – Светскиот ден на водните живеалишта и 50 години од Рамсарската Конвенција

2 fevruariСо презентации за националните придонеси кон Рамсарската Конвенција и посебен осврт на состојбата на Дојранското Езеро и активностите за негова подобра заштита се одбележа Светскиот ден на водни живеалишта и 50 години од Рамсарската конвенција.

Република Северна Македонија пристапи кон Конвенцијата во 1977 година и полни  44 години работи на исполнување на обврските под Конвенцијата. Во моментот, имаме две Рамсар заштитени подрачја, Дојранско и Преспанско Езеро, а Охридското Езеро заради своите природни вредности неодамна исто така, е номинирано за Рамсар подрачје.

Виртуелниот настан „Кон подобро управување со Рамсарското место- Дојранско Езеро“  организиран од страна на Милиеуконтакт Македонија, Министерство за животна средина и просторно планирање и општина Дојран кој е регистриран и на официјална страница на Конвенцијата, во присуство на директорот на Управата за животна средина, Хисен Џемаили и градоначалникот на општина Дојран, Анго Ангов, бројни заинтересирани стручни лица и претставници на граѓанските здруженија кои делуваат областа, отвори можност за плодна дискусија и развивање на позитивен тренд на засилена интерсекторска соработка во зачувувањето на нашите природни езера кои се ризница на богат и уникатен биодиверзитет и кои се многу важни за одржување на специфичните екосистеми.

2.02