Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова денеска оствари работна средба со aмбасадорката на Сојузна Република Германија во нашата земја, Н.Е. Петра Дрекслер.
Амбасадорката Дрекслер истакна дека германската влада ја препознава важноста да се интензивира финансиската и техничката поддршка од Германија за инвестиции во чиста обновлива енергија и енергетска транзиција во нашата држава и во земјите од Западен Балкан.
Тоа ќе допринесе да се намали влијанието на енергетската криза врз ранливото население, да се стабилизира енергетскиот сектор и да се постигне транзицијата кон модернизиран, декарбонизиран и отпорен енергетски сектор.
Министерката Шукова изрази благодарност за континуираната поддршка што германската влада ја дава на нашата земја во евроинтеграцискиот процес, изразувајќи задоволство што долгорочната соработка меѓу двете земји веќе покажува одлични резултати, особено во областа на заштитата на животната средина.