Во рамки на проектната соработка со Кралството Норвешка, Министерството за животна средина и просторно планирање реализира два проекти со наслов:
– „Градење на капацитети за поддршка на имплементације ЕУ ЕТС во Република Македонија“ и
– „Интегрирана контрола и превенција од загадување“
Проектите овозможуваат директна поддршка на процесот на пристапување во ЕУ, а согласно Националната програма за усвојување на ЕУ право (НПАА) на Владата на Република Македонија. Истото се реализира преку обезбедување на соодветна експертиза, подготовка и одржување на обуки и работилници и подигнување на јавната свест во овие области.
За потребите на имплементација на овие проекти, потребни се организации/поедници, со соодветна експертиза во областа на животната средина и/или управување со проекти. За таа цел, се повикуваат сите организации и поединци што се заинтересирани да земат учество во реализација на проектите, да достават свое портфолио односно професионална биографија и писмо за интерес на адреса на Министерството.
При проценката на доставените писма за интерес, Министерството ќе ги има предвид следните критериуми:
– Капацитет/минато искуство на организацијата во учество и/или управување со слични проекти
– Развиени партнерства со институции и организации од земјата и странство
– Квалитет на евентуално доставени предлози/идеи за унапредување на процесите во рамки на тековните
– Квалитет на евентуално доставени предлози/идеи за можности за развивање на нови проекти
Краен рок за доставување на писмата за интерес е 11.01.2016 година.
Лице за контакт: Васка Стојановска
v.stojanovska@moepp.gov.mk