ЈАВЕН ОГЛАС

ЈАВЕН ОГЛАС

за ангажирање на две (2) лица за потребите на проектот „Развивање и имплементација на здравствен индекс за загадување на воздухот во прекуграничниот регион“ од програмата ИПА2 – Прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Грција за период 2014-2020 година, и тоа:

  1. Ангажман на 1 (еден) проектен координатор

Кандидатот за оваа позиција треба да ги исполнува следните услови:

  1. Завршено високо образование – Факултет за инфармациско комуникациски технологии
  2. Минимум 3 години работно искуство на проекти
  3. Учество во најмалку 2 проекти како проектен асистент
  4. Активно познавање на англиски јазик (говорење и пишување)
  5. Солидно познавање на процедурите и начинот на раководење на проекти финансирани од ЕУ
  6. Искуство во проекти за загадување на воздухот и животната средина

Целите на ангажманот се:

  • Да ги координира проектните активности, ресурсите, опремата и информациите поврзани со проектот
  • Постојано да го следи исполнувањето на проектните цели и барањата
  • Да подготвува тендерски документации, проектни задачи и да учествува во координацијата и изработката на документите кои треба да произлезат од спроведувањето на проектот
  • Да го набљудува и следи прогресот на проектот и да ги решава проблемите кои ќе произлезат од спроведувањето на проектот
  • Да го следи работното време потрошено на проектот, буџетот, планот и средствата потрошени за имплементација на проектните активности
  • Да изготвува договори и законски процедури потребни за имплементацијата на проектот
  • Да изработува проектна документација, планови и извештаи, кои согласно договорот се обврска на Министерството за животна средина и просторно планирање
  • Да учествува во организацијата на завшрната конференција
  • Да дава техничка поддршка на стручните експерти при спроведувањето на проектните активности
  1. Ангажман на 1 (еден) асистент

Кандидатот за оваа позиција треба да ги исполнува следните услови:

  1. Завршено високо образование – Економски факултет
  2. Минимум 3 години работно искуство
  3. Активно познавање на англиски јазик (говорење и пишување)
  4. Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
  5. Високо ниво на самостојно одлучување, преземање иницијативи и организираност при извршувањето на задачите и координација на учесниците во проектот
  6. Способност за подготовка на финансиски извештаи

Целите на ангажманот се:

  • Да асистира во спроведувањето на проектните активности, ресурсите, опремата и информациите поврзани со проектот
  • Да помага во кординацијата на проектните активности заедно со проектниот координатор
  • Да помага во подготовката на тендерските документации, проектните задачи и да учествува во координацијата и изработката на документите кои треба да произлезат од спроведувањето на проектот
  • Да го следи своето работно време потрошено на проектот и да се грижи за финансиската документација која произлегува од проектот
  • Да ги организира обуките и останатите настани кои треба да се дел од проектните активности
  • Да помага во подготовката на проектната документација и извештаите кои го бележат напредокот на проектот
  • Да учествува во организацијата на завршната конференција
  • Да дава техничка поддршка на стручните експерти при спроведувањето на активностите
  • Редовно и навремено да комуницира со останатите партнери во проектот.

Покрај горенаведените потребни квалификации,кандидатите треба да ги исполнуваат следните општи услови: да се државјани на Република Македонија и со правосилна судска пресуда да не им е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност.
Заинтересираните кандидати потребно е да достават пријава (писмо за интерес), кратка биографија на македонски јазик, копија од диплома или уверение за завршено образование, доказ за познавање на англиски јазик, како и доказ за активно познавање на комјутерски програми за канцелариско работење.

 

МЖСПП се стреми да обезбеди правична застапеност на жените и малцинствата во сите нејзини активности и ги охрабрува сите кандидати кои се заинтересирани и ги исполнуваат условите да аплицираат на овој oглас.

Времетраење на ангажманите: 15 месеци од датумот на склучување на договорот за ангажирање на лицата.

Пријавите со документите за исполнување на условите да се достават по пошта до Министерство за животна средина и просторно планирање или лично во архивата на Министерството (плоштад Пресвета Богородица бр.3)

Рок на пријавување 5 дена сметано од денот на објавување.

Ненавремената и некомплетната документација нема да биде разгледувана. На интервју ќе бидат повикани само кандидатите коишто ги исполнуваат условите.

Сите пријавени кандидати ќе имаат еднакви можности да бидат примени во согласност со нивните способности, образование и личен капацитет.