Шукова: Руралните жени го имаат истенченото чувство да се прилагодат на промените и да прифаќаат нови и подобри практики

“Визијата на секторот животна средина и климатски промени е да се насочи земјата кон поурамнотежен развој, преку превенција и воведување на концептот на одржлив развој, а токму руралните жени го имаат истенченото чувство да се прилагодат на промените, да бидат отворени и да прифаќаат нови и подобри практики.
1Поголемата вклученост на жените од руралните заедници во носењето одлуки и справувањето со климатските промени не е само прашање на родова еднаквост – тоа е прашање на опстанок”, истакна министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова на денешното одбележување на Меѓународниот ден на жената од руралната средина, во организација на Мрежата за рурален развој на Република Северна Македонија, со поддршка на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) и ГИЗ, со цел подигнување на свеста и обединување на руралните жени за нивната важна улога во локалните заедници и општествениот развој.
2На настанот се одржа јавна дискусија на тема ,,Влијанието на климатските промени во руралните средини, со акцент на руралната жена”, на која присуствуваа претставници од државните институции, организации и рурални жени членки на Мрежата за рурален развој на Северна Македонија.
3
4