Шукова на Самит за сина економија: Акцентот го ставаме на одржливото користење на водните ресурси

  Mинистерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова беше еден од говорниците кои го отворија второто издание на Blue Economy Summit 2023 (Самит за сина економија 2023) што денес се одржа во Скопје. Самитот имаше за цел да ја поттикне соработката, да размени знаење и да ги идентификува можностите за партнерство за одржливи иницијативи за слатководни води.

1На настанот, светски експерти за екологија, претставници од меѓународните финансиски институции, банки, приватниот сектор и претставници на регионалните комори, како и креаторите на политики дискутираа за предизвиците поврзани со зачувување на водите, за валоризација на слатководните ресурси и за актуелните проблеми за одржливост на езерските екосистеми.

_DSC4410Министерката Шукова во своето обраќање ја истакна важноста на политиките за водата и значењето на оваа иницијатива, со оглед на тоа што економскиот развој и урбанизацијата предизвикуваат голем пораст на побарувачката за вода, но истовремено ги загрозуваат водните ресурси.

Според неа, согласно Зелената Агенда, акцентот е ставен на одржливото користење на водните ресурси, што подразбира обезбедување на доволни количества вода за развојните потреби на сите корисници, водејќи сметка за природните можности на екосистемите, заштита на луѓето и материјалните добра од поплави и други штетни ефекти на водата.

_DSC4346На Самитот како говорници настапија и амбасадорот на Европската Унија во Република Северна Македонија, Дејвид Гир, Еврокомесарот за животна средина, рибарство и поморство од Комисијата на ЕУ, Вирџинијус Синкевичиус,  претставникот на Европската инвестициска банка (ЕИБ), Бјорн Габриел, поранешната министерка на Белгија, Патриша Цејсенс, и други значајни личности.

_DSC4400Самитот за сина економија е во организација на „Prime Blue Institute“, поддржан е од Централноевроската иницијатива (CEI) и е фокусиран на слатководната сина економија на Балканот.

_DSC4325