Министеркaта за животна средина и просторно планирање Каја Шукова учествуваше на конференцијата „Oдржливи енергетски вештини во градежништво: видливи, валидирани, вредни“, во посебната сесија за националните и европските политики на тема „Европско и национално заканодавство поврзано со Зелениот договор“.
„Животната средина не познава административни граници. Сите заедно мораме да работиме ако сакаме да имаме здрава животна средина. Ова денеска покажува дека државата треба како свои партнери и понатаму да ги препознава научниот сектор и особено стопанството, како дел од процесот на имплементација на законите од оваа област“ истакна Шукова во своето обраќање. Таа напомена дека покрај тоа што државата и локалната самоуправа имаат свои обврски, исто така, и стопанството е носител на голем дел од обврските преку имплементација на законите што се дeтерминирани од она што го утврдуваат Директивите на Европската Унија.
Таа нагласи дека Зелената Агенда за Западен Балкан е сериозна алатка и како држава се стремиме кон исполнување на незините 5-главни столба: Декарбонизација: климатска акција, зелена енергија и одржлив транспорт, Циркуларна економија, Борба против загадувањето, Одржливо производство на храна и одржливи рурални средини и Биодиверзитет: Заштита и реставрација на природата и екосистемите.
Посебен осврт даде на важноста на декарбонизацијатаи за Европа и за нас како држава која денес е географски дел од Европа, а утре и административно дел од Европската Унија. При тоа најави дека се работи на Законот за климатска акција, што е во процес пред внесување во Собранието на Република Северна Македонија, и се очекува во скоро време да биде донесен, а се изработува во тесно партнерство со приватниот сектор кој на денешната конференција во своите изјави покажа дека е подготвен за обврските што произлегуваат од него.
Ја спомена и циркуларната економија како важна алатка што ќе помогне како држава да ги намалиме количините на отпад коишто ги депонираме.
„Зелената Агенда е многу битна за Западниот Балкан, многу битна за Република Северна Македонија, заедно со научниот сектор и стопанството продолжуваме кон нејзина имплементација“ истакна Шукова.
Конференцијата е организирана како дел од европската програма за истражување и инивации „ Хоризонт 2020“ на тема „ Стимулирање побарувачка за одржливи енергетски вештини во градежниот сектор, а во рамки на повикот „Градње иднина со ниско ниво на јаглерод и климатска отпорност“ .