Шукова: Заедно со потврдените партнери продолжуваме да ги проддржуваме општините во справувањето со загадувањето на воздухот

Започнува имплементација на новиот проект за справување со квалитетот на воздухот што ќе се реализира како соработка на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Шведската агенција за меѓународна развојна соработка – СИДА, Министерството за животна средина и просторно планирање и други партнерски организации. Проектот има цел да ги поддржи локалните власти во пет пилот општини во нашата дражава, во насока на откривање и мерење на изворите на загадување на воздухот, идентификување, развој и спроведување соодветни мерки за надминување на проблемите, јакнење на капацитетите на партнерските организации, како и подигање на јавната свест и развивање на позитивните навики кај широката јавност. Истиот се надоврзува на постигнатите резултати и научените лекции од првата проектна фаза што се спроведуваше во Градот Скопје. Успешно спроведените активности ќе се реплицираат во Кавадарци, Гостивар, Куманово, Струмица и Струга како градови што имаат сериозни проблеми со загадувањето на воздухот.Minister_Sukova

–   Големи се надежите и мотивираноста кога започнува нов проект, особено кога се однесува на еден од најгорливите проблеми со кој се соочуваме, загадувањето на воздухот изјави министерката за живот на средина и просторно планирање Каја Шукова додавајќи дека надминувањето на овие состојби бараат мулти секторски пристап и координација, а конципираноста на овој проект токму тоа го овозможува. Министерството е отворено за соработка и поддршка на локалните самоуправи, а проектните активности се надоврзуваат на оние на Министерството и се вклопуваат во планското решавање на ова горливо прашање.

Како партнери во проектот се вклучуваат и Министерството за локална самоуправа, Бирото за регионален развој и ЗЕЛС, а во имплементирањето ќе се вклучи и научната фела преку лабораторијата АМБИКОН од штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ која во претходниот циклус во тесна соработка со стручните служби на МЖСПП работеше на детекција и моделирање на изворите на загадување на проекција на мерките.Minister_Sukova_UNDP

Во Проектот дел од финансиските средства, ќе се искористат за подобрување на енергетската ефикасност и замена на системите на греење на јавни објекти, за кои предлог ќе дадат самите општините, а реализацијата ќе одвива врз основа на кофинансирање од страна на самите општини.

На денешниот настан присуствуваа и се обратија и постојан претставник на УНДП во државата Армен Григоријан, амбасадорката на Шведска Ами Ларсон, министерот за локалната самоуправа Ристон Пенов, извршен директор на ЗЕЛС Душица Перишиќ и директор на Бирото за регионален развој Рамиз Реџепи .