Денес, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини се обрати на промоција на извештајот: ″Де-ризикување инвестиции во обновливи извори на енергија во Северна Македонија: финансии и политика фокусирани на енергија, греење и ладење″, изработен со поддршка на Меѓународната агенција за обновлива енергија (ИРЕНА) и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).
Во воведното обраќање министерот Нуредини ја нагласи потребата од вклученост на приватниот сектор паралелно со обезбедувањето на одржливи политики и инвестициска рамка. Покрај Нуредини воведни обраќања имаа и Крешник Бектеши, министер за економија, Рабиа Фероучи, директор на ИРЕНА и Нарин Сахакијан, УНДП постојан претставник.
Извештајот ги анализира тековните политики за обновливите извори на енергија, идентификува специфични бариери и придружни ризици што може да ги задржат инвестициите од приватниот сектор во обновлива енергија и обезбедува препораки за рамки на политики и финансиски инструменти за намалување на ризиците со цел зголемување на инвестициите во обновлива енергија.