Заменик министерката за животна средина и просторно планирање, Христина Оџаклиеска, заедно со министерот за економија Крешник Бектеши учествува на 19-тиот состанок на Советот на министри на страните на Енергетската заедница, кој се одржува во Белград, Србија.
Главни теми кои се предмет на дискусија и усвојување од страна на министерскиот совет, се од областа на пакетот за чиста енергија и генералните насоки за усвојување на патоказот за декарбонизација. Треба да се има предвид дека ќе постои разлика во целта за државите членки на Европската Унија што е определена одгоре-надолу, за земјите-страни на Енергетската заедница, како што е нашата држава. Kолективниот таргет за целите за намалување на емисиите ќе биде определен со примена на пристапот оддолу – нагоре.
На состанокот на Министерскиот совет на Енергетскаta заедница ќе се дискутира и за статусот на имплементација на Договорот во областите: електрична енергија, природен гас, обновливи извори на енергија, клима, енергетска ефикасност и животна средина.
Воедно, на денешниот состанок ќе биде назначен нов директор на Енергетската заедница и на наредна држава членка ќе и’ се предаде претседавањето со Советот за идната година.