Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова одржа работна средба со постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации во државата Армен Григоријан. На средбата се потврди дваесетгодишното партнерство и добрата соработка меѓу УНДП и МЖСПП во заштитата на животната средина, а особено во делот на климатска акција, управување со природни ресурси и управување со ризици од катастрофи.
Се разговараше за статусот на заедничките тековни проекти, како и за идните планирани активности.