(11.05.2018) Група студенти од Факултетот за безбедност – Скопје при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, под менторство на проф. д-р Марина Малиш Саздовска, ја посетија Канцеларијата за комуникација со јавност и се запознаа со надлежностите и активностите на Министерството за животна средина и просторно планирање од областа заштита на животната средина.
Групата беше составена од студенти кои се специјализираат во студиските програми за меѓународна заштита на животната средина и безбедност и финансиска контрола (еколошка криминалистика).
Во претставувањето на работата на Министерството, посебен акцент беше ставен на значењето на достапноста и начинот на пласирањето на информациите до јавноста што во голема мера придонесува за поквалитетна едукација во областа. Студентите пријавија интерес за можностите за корисење на библиотеката на Министерството која располага со богат библиотечен фонд од повеќе области поврзани со животната средина, а особено на е-библиотеката која е достапна преку интернет каналите на Министерството.
Дека ваквите средби и развивањето на комуникацијата имаат видна улога докажува и фактот што проф. Саздовска најави дека факултет има можност да донира нивни понови изданија од областа на криминалот во животната средина со што ќе се осовремени библиотечниот фонд во поспецифични области.