Почитувани,
Согласно заклучокот на Владата на Република Македонија, за доставување на предлог измените на водостопанската основа, Ве известувам дека Министертвото за животна средина и просторно планирање е задолжено по одржувањето на стручната јавна распарава истата да ја достави на разгледување.
Со оглед на тоа што стручната расправа се одржа на 21.09.2015, рокот за доставување на предлог водостопанската основа до Владата на Република Македонија со вградени забелешки и информации е 25.10.2015 година.
Во исто време, Ве известуваме дека на официјалната веб страна на Министертвото е поставен записникот од расправта како и ауидио записот од истата. https://arhiva.moepp.gov.mk/
Исто така, почитувајќи го принципот на пристап до информации и податоци, Министертвото за животна средина и просторно планирање, Нацрт Студијата за изменување и дополнување на Водостопанскта основа го постави на линкот погоре, каде се повикува стручната јавност да достави мислења и ставови по однос на Нацртот до 10.10.2015 година.
Контакт лица за прибирање на податоците и информациите се Илбер Мирта и Ангелина Јовановиќ, кои имаат обврска согласно транспрентноста на процесот, како и навремено информирање на сите пристигнати електронски известувања да ги препратат до изготвувачот на Нацрт студијата – ГИМ и тоа на info@gim.com.mk со наслов „за водостопанската основа“.
Согласно тоа, Изготвувачот, ГИМ при подготовката на Предолг измената на водостопанската основа, има обврска да ги земе во предвид сите оние забелсшки и мислења кои се во прилог на документот и најкасно до 20.10.2015 година да ја достави до Министерството за животна средина и прсоторно планирање Предлог измената на водостопанскта основа.
Со почит,
Подолу, е официјалната објава на веб станата на министертвото.
Покана за одржување на јавна стручна расправа на Нацрт за изменување и дополнување на Водостопанската основа на Република МакедонијаМинистерството за животна средина и просторно планирање на барање на општина Штип и Јавното претпријатие за државни патишта, а во соработка со Стопанска Комора на Македонија организира јавна стручна расправа на Нацртот за изменување и дополнување на Водостопанската основа на Република Македонија со промена на параметрите на акумулацијата Јагмулар. По тој повод ги покануваме сите заинтересирани стручни лица да учествуваат на стручната јавна расправа, која ќе се одржи на 21 септември 2015 година (понеделник), 12:00 часот, во просториите на Стопанска комора на Македонија на V спрат сала бр.4.Планскиот документ е достапен на увид на веб страната на Министерството за животна средина и просторно планирање www.moepp.gov.mk , но и во просториите на Секторот за комуникација со јавност на Министерството, со седиште на ул. ”III Македонска бригада” бр.10а во Скопје, секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот.Стручната јавност може да ги достави своите мислења и ставови по однос на Нацртот за изменување и дополнување на Водостопанската основа на Република Македонија, во писмена форма до одговорните лица за контакт.