МЖСПП информира дека Законот за изменување на Законот за управување со отпад е објавен во „Службен Весник на РСМ“ бр.31/2020 на 10.02.2020г. Согласно измените, Министерството ги информира сите засегнати страни дека пратките со отпад кои ќе доспеат на некој од граничните премини на РСМ, а кои се класифицирани со шифра на отпад согласно Листата на видови отпад (Службен весник на РМ бр.100/05) „19 12 12“ и „19 12 10“ со Царинска тарифа од групата 3825, нема да биде дозволено да се увезат во земјата. Отпадот со овие шифри на отпад е наменет за користење како енергија, а согласно гореспоменатиот закон, истото се забранува.
Исто така, нема да биде дозволен увоз на пратките со отпад каде шифрата на отпад е „19 12 04“, шифра на Базелската Конвенција В3140 и Царинска тарифа 40040000, за увоз заради согорување, за што единствено поседува дозвола компанијата ЕУРОНИКЕЛ ИНДУСТРИ ДОО Кавадарци. За останатите пратки на отпад со оваа царинска тарифа и шифра на отпад, кои се наменети за преработка или рециклирање, забраната не важи.
За пратките на отпад со шифрата „19 12 04“ класифицирана под шифра Базелската Конвенција В3010 а во Царинска тарифа од групата 3915 и подгрупи во зависност од видот на полимерот (3915 10 00 00, 3915 20 00 00, 3915 30 00 00, 3915 90, 3915 90 11 00, 3915 90 80 00) е дозволен увозот заради преработка или рециклирање.