Министерот за животна средина и просторно планирање одржа работен состанок со градоначалниците на општина Куманово и Свети Николе Максим Димитриевски и Сашо Велковски. На средбата се разговараше за напредокот во воспоставувањето на првото меѓуопштинско јавно претпријатие за управување со комунален отпад (,,Заедничко јавно претпријатие за регионално управување со отпад ДЕПОНИЈА МЕЧКУЕВЦИ“ Свети Николе сo седиште во општина Свети Николе) кое треба да оперира со новиот регионален систем за управување со отпад (регионалната депонија во Мечкуевци и шесте претоварни станици) и кое ќе опслужува 18 општини од Источниот и Североисточниот регион и Општина Свети Николе. Средствата за изградба на овој инфраструктурен проект се обезбедени од Европската Унија и реализацијата треба да започне во последниот квартал од 2021 година.
Средба со градоначалниците на општините Куманово и Свети Николе
октомври 22, 2020