Министерката Шукова ја прими делегацијата на општина Шуто Оризари предводена од градоначалникот Курто Дудуш. На средбата се разговараше да досегашната соработка помеѓу општината и Министерството и можостите за продолжување на истата. При тоа министерката Шукова ја нагласи заложбата на Министерството не само да ги креира политиките за заштита на животната средина, туку и да ги помага локалните власти во нивната имплементација. Таа информираше за тековните програми и финансиските ресурси кои се наменети за поддршка на општините, како за можностите и начините за пристап до истите.