Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини имаше работна средба со со новоименуваниот амбасадор на Унгарија, Н.Е. Андраш Клаин.
Министерот Нуредини му посака добредојде на амбасадорот и успешност со мандатот во нашата земја, а двете страни ја потврдија заедничката заложба за унапредување на соработката, особено во делот на климатските промени, управување со отпадот и водите.
На средбата, Нуредини ги презентираше тековните и идни проекти за постигнување на стратешките цели во сферата на животната средина, како и потребните инвестиции во инфраструктурата согласно легислативата усогласена со Европските директиви.
Амбасадорот Клаин изрази подготвеност за продолжување на соработката, особено во делот на обезбедување на експертиза, размена на знаење и финансиска подршка, со оглед на тоа дека нашата држава е во активна фаза на пристапниот процес за членство во Европската Унија. Тој, исто така, истакна дека е цврста позицијата на унгарската влада за поддршката за интеграцијата на РСМ во ЕУ.
Соговорниците се согласија дека унгарските искуства се добредојдени и во таа насока и дека соработката треба да се продлабочи во наредниот период.