На денешната прва официјална средба на министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини со новиот евроамбасадор во земјава Дејвид Гир се дискутирише за соработката и подршката што Европската Унија ја дава на нашата држава во заштита на животната средина, како и за унапредување на истата.
Неминовно, дискусијата се насочи кон информирање и разгледување на статусот и предизвиците во реализацијата на ИПА проектите. Тема на разговор беше проектот за изградба на колекторскиот систем за градот Скопје, потоа и за дел од проектите за кои тендерските постапки беа поништени, како што е случај со проектот за Изградба на канализациона мрежа во Кичево и Изградба на пречиститетелна станица и рехабилитација и надградба на колекторскиот систем и канализационата мрежа во Битола и Тетово.
Во делот на отпадот, се разменија информации за статусот и следните чекори во реализација на проектот за изградба на регионалната депонија во Свети Николе. Како важно прашање се отвори прашањето за моменталните капацитети на ИПА структурата во МЖСПП, но и на проектните едници во градовите каде што ќе се реализираат големите инфраструктурни проекти, при што се потенцираше потребата од итно задржување и зајакнување на постојниот кадар за да се обебеди успешна реализација на планираните активности и проекти.
Се разговараше и за потребата од навремено именување на евалуционите комисии и забрзување на процесот на евалуација на проектите, во правец на оптимализирање на долгите ЕУ процедури и за што поголемо искористување на ИПА средставата во рамки на програмата за животна средина и климатска акција.
Министерот Нуредини информираше и за статусот на законите кои се подготвени во рамки на ИПА проектите, како и за статусот на подготовката на стратешкиот одговор и плановите на МЖСПП за финансирање на проекти во рамки на ИПА 3 2021-2027година.