Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денес разговараше со Амбасадорот на Кралството Норвешка, Н.Е. Кристин Мелсом.
На состанокот, Меџити ги презентираше приоритетите и позначајните проекти од областа на животната средина, вклучително изградба на пречистителни станици, декарбонизацијата и воспоставувањето на регионалниот систем за управување со отпадот.
Норвешката амбасадорка му ја честита на Меџити стапувањето на функција заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, изразувајќи увереност дека Норвешка продолжува со поддршката на нашите стратешки цели и приоритети, како што е пристапувањето на земјава во ЕУ.