Министерот Изет Меџити оствари средба со амбасадорот на Република Косово во нашата држава Флоријан Ќехаја.
Амбасадорот во име на премиерот на Република Косово Албин Курти упати честитка до новата Влада и до министерот Меџити за неговото преземање на фунцијата прв вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање.
На средбата се разговараше за понатамошната соработка меѓу двете држави за решавање на тековните прашања, како и за прашања поврзани со заштитата на животната средина и подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.