(01.07.2015 год.) Денеска, министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири оствари работна средба со амбасадорот на Италија, Н.Е. Ернесто Масимо Белели.
На средбата се разговараше за состојбите со животната средина, како и за можностите за продлабочување на билатералната соработка во оваа област. Посебен акцент беше ставен на пројавениот интерес на италијанските компании за вложување во искористување на обновливите извори на енергија, поконкретно во изграбата на мали хидроцентрали.