Денеска, министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири, во просториите на Министерството оствари работна средба со амбасадорот на Босна и Херцеговина во Македонија, Н.Е. Здравко Беговиќ.
На состанокот се разговараше за состојбите во заштитата на животната средина и беа разгледани можности за продлабочување на соработката во оваа област помеѓу владите на двете држави.
Служба за информирање