Денеска министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки оствари работна средба со Анка Јоана Јонеску, претставникот на Европската Банка за развој за Македонија (ЕБОР) и Билјана Милошеска, помошник директор во ЕБОР.
На оваа иницијална средба покрај запознавање со моменталните и планираните активности на Владата во заштитата на животната средина беа разгледани можните области за воспоставување на соработка.
Посебен интерес двете институции покажаа за областа управување со отпад каде Министерството за животна средина и просторно планирање има изработено проектна документација за изградба на регионални депонии за комунален отпад, со претоварни станици и проектна документација за затворање на нестандардните депонии за 4 региони: Скопски, Вардарски, Пелагонија и Југозападен, а се бараат можности за затварање на финансиската конструкција за изградбата на оваа инфраструктура како и затворањето на нестандардните депонии.
Исто така, беа разгледани и можностите за обезбедување финансиска подршка за реализација на проекти во областа на заштита на водите.