(07.06.2019г.) Министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки, денеска, оствари работна средба со постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во Република Северна Македонија, Нарине Сахакјан.
На средбата, двете страни изразија задоволство од досегашниот ангажман и иницијативи на УНДП во нашата држава и искажаа реални очекувања да продолжи досегашаната плодна соработка при реализацијата на заедничките проекти меѓу двете институции, на патот на Р. Северна Македонија кон ЕУ.
Воедно, се дискутираше за степенот на реализација на започнатите проекти, како и за подготовка на идни проекти од заеднички интерес од областа животна средина.