Министерството за животна средина и просторно плaнирање информира дека е oбјавена постапка за доделување на договор за реализација на проектот: „Рехабилитација и проширување на канализационата мрежа во општина Кичево“. Договорот опфаќа замена и реконструкција на стари цевки со приближна должина од 8,24 км; изградба на секундарна канализациона мрежа со приближна должина од 69 км; изградба на колектор со приближна должина од 27 км; изградба на пумпни станици и изградба на шахти и куќни приклучоци за приближно 4630 дополнителни домаќинства.
Тендерот е објавен денес, 15.03.2021 на официјалната страна на Сектор за централно финансирање и склучавање на договори при Министерството за финансии.
Проектот ќе биде финансира од ИПА 2 Програмата за животна средина и климатски акции (2014-2020).