Со предпристапните ЕУ фондови се реконструира и проширува канализационата мрежа во Прилеп

DSC_0853(28.11.2014г.) Денеска министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири, заменик претседателот на Владата и министер за финансии Зоран Ставрески, шефот на делегацијата на ЕУ во Македонија Аиво Орав и градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески ја посетија локацијата каде што се во тек градежни активности за реализацијата на проектот „Реконструкција и проширување на канализационата мрежа во Прилеп“.

– Македонија како земја кандидат за членство во Европската Унија е исправена пред големи предизвици во секторот води, посебно во однос на исполнувањата на барањата содржани во директивите на ЕУ кои се однесуваат на водоснабдувањето, собирањето и третманот на отпадните води.Во таа насока, Министерството за животна средина и просторно планирање како одговорен орган надлежен за реализација на обврските во Секторот води, го иницира овој проект во рамките на Инструментот за предпристапна помош – ИПА.Проектот се однесува на рехабилитација и проширување на канализационата мрежа во градот Прилеп во вкупна должина од 23 км и надзор на работите. Истиот е финансиски поддржан од ИПА Оперативната Програма за Регионален Развој 2007-2013 година во вкупна вредност од 6.263.360 евра за договорот за градба и 996.460 евра за договорот за надзор на градежните работи. Од вкупните средства, 85% се финансирани од ИПА и 15% се национално кофинансирање – истакна министерот Изаири во своето обраќање.

Проектот е од особено значење за Министерството за животна средина и просторно планирање зашто претставува прв инвестициски проект за градба финансиран од ИПА и прв од повеќето идни инвестиции во секторот води .