“Со велосипед на работа во зима”

winter bike2Ве информираме дека Министерството за животна средина и просторно планирање, дава поддршка и се вклучува во одбележување на интернационалниот ден “Со велосипед на работа во зима” – Winter bike to work day – Skopje #4кој ќе се одрживо петок на 9-ти февруари.

Оваа акција во светот традиционално се организира под мотото“Светот вози велосипед со тебе” и има за цел да ги мотивира граѓаните, институциите, фирмите, кафулињата, училиштата и сите оние кои велосипедот го препознаваат како пријател на доброто здравје и на животната средина, да го прифатат предизвикот и да се вклучат во акцијата, бирајќи го велосипедот како нов современ урбан стил на добро живеење.

Македонија, по четврти пат се вклучува во одбележувањето на овој светски ден на иницијатива на групата ентузијасти “На Точак”.

Во одбележувањето на овогодинешниот настан во светски рамики досега се пријавени повеќе од 11.374 велосипедисти испраќајќи ја пораката дека и во зима може да се вози велосипед.

Министерството за животна средина и просторно планирање се приклучува кон апелот упатен до велосипедистите од сите градови во Македонија да земат учество во оваа активност, а со тоа да го позиционираат својот град на мапата на светски градови каде велосипедот и зиме се користи како превозно средство. Според информацијата од иницијаторите, од Скопје веќе се регистрирани околу 383 граѓани, а поддршка и најава на учесници пристигнуваат од различни страни. Кафулиња, ресторани, бутици, продавници за велосипеди ги промовираат своите попусти и погодности за велосипедистите кои утре ќе пристигнат до нивниот објект на велосипед.

Придружете се на акцијата со регистрација на:

https://winterbiketoworkday.org/mk/