Заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули присуствуваше на отворањето на високиот сегмент на 23-та Конференција на страните на Рамковната конвенција на ООН за климатски промени (COP23).
На овој сегмент од Конференцијата, кој ќе трае денес и утре, присуствуваат шефови на држави или шефови на влади, министри и други шефови на делегации кои имаат можност да дадат триминутна изјава за националните достигнувања во однос на реализацијата за целите од Парискиот Договор за клима.
Покрај обраќањето на генералниот секретар на ОН Антонио Гутерес кој нагласи дека е потребна поголема амбиција во дејствувањето во петте области: емисии, адаптации, финансии, партнерства и лидерство, со големо внимание беа проследени и обраќањата на низа претседатели на држави меѓу кои и на канцеларот на Германија Ангела Меркел и на претседателот на Франција Емануел Маркон. Генерално, ставот на високите претставници на меѓународната задница е дека Парискиот договор е нешто за што нема повторно да се преговара. Може да се преговара само за неговата имплементација.
Обраќањето на заменик министерот Макрадули е планирано за утре, 16.11.2017г. во сесија која започнува во 15 часот.