Јас Садула Дураки, министер за животна средина и просторно планирање преку ова соопштение, сакам да Ве известам дека на 25.06.2019 година, ja поднесов мојата оставка од функцијата министер.
Во исто време, ја користам оваа прилика да им се заблагодарам на сите мои пријатели и соработници, со кои работевме и завршивме многу работи и корисни проекти за Министерството и општо за нашата земја.
Морам да истакнам дека изминатиот период додека ја извршував функцијата се соочивме со најголемите предизвици за зачувување и унапредување на животната средина. Според сегашната состојба некои од тие предизвици успешно ги надминавме.
Јас и мојот тим во изминатиот период многу работевме и го вложивме целото наше знаење и способност во решавање на проблемите, но некои проблеми бараат долгорочен и системски пристап.
Не би сакал да звучам нескромно, но многу мали и големи проекти спроведени од страна на Министерството во време на моето раководење ќе остават траен позитивен белег во зачувување и унапредување на животната средина, меѓу кои би сакал да ги нагласам најважните:
- Изградба на дел од водоводните цевководи за населени места во општина Липково со вкупна вредност од 102.000.000,00 денари;
- Изградба на секундарни колектори и нивно поврзување со главниот колектор од 1-ви дел во општина Кочани со инвестициона вредност од 60.000.000,00 денари;
- Целосно спроведување на програмата за управување со водите за 2018 година во вкупен износ од 58.000.000,00 денари за општините Кичево, Бревеница, Сарај, Крушево, Чучер Сандево, Демир Капија, Теарце, Липково, Ѓорче Петров, Тетово, Новаци, Струга, Врапчиште, Крива Паланка и Кочани;
- Целосно спроведување на програмата за инвестирање во животната средина од 2018 година за 42 проекти во вкупен износ од 45.000.000,00 денари за 36 општини во Република Северна Македонија;
- Изградба на дел од фекална канализација во село Арачиново со инвестициона вредност од 35.000.000,00 денари;
- Набавка со резервни делови за потребите на Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух на РСМ и снабдување со автоматски анализатор за мерење на суспендирани честички PM10, како и систем за собирање и обработка на податоци во вредност од 3.500.000,00 денари;
- Изградба на дел од системот за водоснабдување на населените места во општина Липково со вкупна инвестициона вредност од 51.000.000,00 денари;
- Чистење и санирање на диви депонии на територијата на Република Северна Македонија во износ од 9.000.000,00 денари;
- Набавка на 350 внатрешни прочистувачи на водух за внатрешни простории за градинки и некои болници на територијата на Република Северна Македонија во вредност од 9.300.000,00 денари;
- Изградба на фекална канализација во село Отља, општина Липково со инвестициона вредност од околу 10.000.000,00 денари
- Во текот на 2017 година снабдување со резервни делови за потребите на Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух на РСМ во износ од 3.000.000,00 денари;
- Давање со концесија на 18 мали хидроцентрали;
- Изградба на колекторски систем во Градот Скопје (ИПА фондови);
- Завршување на оперативни планови и физибилити студии за 4 регионални депонии во земјата;
- Одобрување на национална стратегија за биолошка разновидност со Акционен план 2018-2023;
- Одобрување на национална стратегија за заштита на природата;
- Процес за потенцијална идентификација на NATURA 2000;
- Студија за валоризација и ревалоризација на Шар Планина како национален парк;
- Воспоставување на интерсекторска работна група за следење на состојбата со квалитетот на амбиентниот воздух и дефинирање на соодветни препораки и мерки кои треба да се преземат за подобрување на квалитетот на воздухот;
- Во тек e реализација на проектите избрани од Програмата за инвестиции во животната средина за 2019 година во вкупен износ од 51.000.000,00 денари за 28 општини од Република Северна Македонија;
- Во тек е реализација на проектите избрани од Програмата за управување со водите за 2019 година во вкупен износ од 20.000.000,00 денари за 9 општини во Република Северна Македонија;
- Во тендерска постапка е изградба на канализациона мрежа во општина Тетово (ИПА фондови);
- Во тендерска постапка е изградба на канализациона мрежа во општина Кичево (ИПА фондови);
- Во тендерска постапка е изградба на филтер станица во општина Битола (ИПА фондови);
- Во тендерска постапка е изградба на филтер-станица во општина Тетово (ИПА фондови).
Посакувам оваа институција и понатаму да ја заврши својата работа и да придонесе за чиста животна средина за сите граѓани на Република Северна Македонија.
Ви благодарам што ми ја дадовте вашата доверба и вашата поддршка..
Со почит,
Садула Дураки