(22.01.2019) Ве информираме дека согласно податоците од ДАМСКВ на ден 21.01.2019, среднодневните концентрации на РМ10 се под дефинираниот праг на алармирање од 188 μg/m3, и епизодата од два последователни дена е прекината во Скопје на мерните места Центар, Карпош и Ректорат, Минладиновци, Битола на мерните места Битола 1 и Битола 2, Гостивар и Тетово.
Исто така, Ве информираме дека прагот за алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 188 μg/m3 во текот на два последователни денови) и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, е надминат на мерното место Струмица.
Во табелата се прикажани среднодневните концентрации на PM10 на мерните места каде има појава на надминување на праг на алармирање.
Ден | Струмица |
20.01.2019 | 376. 21 |
21.01.2019 | 199. 40 |
*концентрациите се изразени во μg/m3
За градот Струмица остануваат на сила препораките и мерките согласно заклучоците од 40-та седница на Владата на Република Македонија.