СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА 30.01.2017 година

Дата: 30.01.2017 г.

Почитувани,
Министерството за животна средина и просторно планирање, односно Државниот инспекторат за животна средина, согласно Законот за животна средина, денес, донесе Решение за продолжување на забраната за работа на комбинатот Југохром за дополнителни 90 дена.

Одлуката е донесена по извршениот инспекциски надзор на Државниот инспекторат за животна средина при што се констатираше дека комбинатот Југохром не ги исполнил активностите предвидени во Оперативниот план, меѓу кои се предвидува и поставување на системот за отпрашување.