(22.01.2019г.) Денеска, заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, учествуваше на состанокот со претставниците на Светската здравствена организација (СЗО), на кој се разгледуваа главните аспекти во долгорочното решавање на проблемот со аерозагадувањето.
Во рамки на состанокот, заменик министерот го презентираше Планот за чист воздух на Владата, по што се дискутираше за можностите за заеднички активности и акции со кои во голема мера ќе се влијае врз намалување на аерозагадувањето. Беше оценето дека Планот ги следи светските искуства и препораки за намалување на загадувањето, при што акцент беше ставен на воведување на здравствената компонента во Планот и Програматa.
Работниот состанок се одржа во рамки на проектот на СЗО „Застапничка мисија на високо ниво за здравје и животна средина“, а во контекст со актуелната состојба на животната средина во Р. Македонија.
Целта на овој проект е давање поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за здравство иконкретизирање на се она што СЗО би можела да и го понуди на државата во борбата против загадувањето на воздухот и намалување на негативните влијанија врз здравјето. Исто така, разгледани се можностите за воспостваување на партнерство и координација со здравствениот сектор во државата.