Министерот Нуредини оствари средба со градоначалникот на општина Липково, Еркан Арифи на која разговараа за статусот на тековните проекти за водоснабдување во општината финасирани од страна на МЖСПП во изминатите две години. Разговарано е за финализирање на проектот за изградба на таложникот во филтер станица за водоснабдување на општина Липково, потоа за основниот проект за водоснабдување на населено место Никуштак, за изградба на водоснабдителен систем за населено место Липково – дел од трак 3 и за проектот за изградба на секундарна мрежа за вода за населено место Оризаре.
Иста така, се разменија мислења за можностите и потребите за изградба на системи за водоснабдување и одведување на отпадни води и за другите населени места во општината што би влегле во листата на проекти за кои е побаран заем од Европската Инвестициона Банка и со кој се планира да се обезбедат основни услови за водоснабдување и одведување на отпадни води во сите општини во државата.