(01.06.2017г) Со примопредавањето на функцијата министер за животна средина и просторно планирање помеѓу досегашниот, Башким Амети и новоименуваниот министер, Садула Дураку, Министерството за животна средина и просторно планирање му посака добредојде на првиот човек во животната средина.
Истакнувајќи дека веќе е запознат со предизвиците, тековните и идни проекти на Министерството за животна средина, Дураку вети дека ќе продолжи да ја имплементира програмата на Владата заложувајќи се за здрава и чиста животна средина во интерес на сите граѓани во Република македонија.
Досегашниот министер Амети му посака успешна работа на новоизбраниот министер, нагласувајќи дека неговото претходно искуство како министер и градоначалник се голема предност во успешното извршување на функцијата, министер за животна средина и просторно планирање.