Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини одржа состанок со Ивица Талевски директор за одржливост на Рудникот Саса, Скот Јеланд генерален директор и Ник Ширли коорпоративен директор на истиот рударски гигант. На средбата се разговараше за реализација на активностите за отстранување на последиците од истекувањето на јаловишен материјал од рудникот Саса во Каменичка Река, кој се случи во септември годинава, согласно добиените задолжувања од Државниот инспекторат за животна средина и Комисијата за спогодување на Министерството за животна средина и просторно плaнирање.
Како што реферираше раководниот кадар на Рудникот Саса, веднаш по инцидентот, е пристапено кон преземање на интензивни активности за отстранување на последиците од хаваријата. Како што соопштија, во најкус можен рок беше завршена поправката на оштетениот насип на хидро-јаловиштето број 4 и се направија сите инженерски прилагодувања со кои се обезбеди дополнителна сигурност и безбедност и се пристапи кон чистење на речното корито во две фази. Се очекува првата фаза да заврши до средината на месец декември кога повеќе од 95 % истечената јаловина ќе биде отстранета од реката. Целата операција на чистење се одвива во соработка и координација со општината Македонска Каменица и претставниците на месните заедници.
Во втората фаза компанијата ќе биде фокусирана на следење и рехабилитација за загрозената област и возобновување на биодиверзитетот по должината на реката и зоната на ремедијација. Исто така, до крајот на 2020 година до МЖСПП ќе виде препратен детален извештај за проценка на штетите за животната средина во кој ќе бидат наведни и препораките за понатамошно мониторирање и активностите за ремедијација. При тоа, менаџментот на Саса предвидува и дополнителни активности за поддршка на локалните заедници и локаното наеление во заштита на животната средина, ремедијација на крајбрежниот појас на Каменичка Река и засадување на дрвни насади.
Како дополнителни активности во правец на остварувањето на целите на компанијата, беше презентиран и новиот двогодишен план за инвестиции со кој се предвидува инсталирање на најсовремена техничка опрема и спроведување на насовремени достапни технологии во процесите.Исто така, најавено е креирањена посебна фондација за поддршка на активности на локалните заедници за заштита на животната средина.