Скопје, 26 ноември 2021 година – Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) и Регионалната канцеларија на Меѓународната унија за заштита на природата (IUCN) за Источна Европа и Централна Азија (ECARO) го организираа првиот заеднички настан “Сразмерно зголемување на решенијата засновани врз природата (РЗП) во Северна Македонија” – од политика до спроведување на терен, на кој сепрезентираше Глобалниот стандард на IUCN за решенија засновани врз природата.
„ За време на COP 26, кој заврши пред само неколку дена, за прв пат, светските лидери јасно ја препознаа меѓусебната поврзаност помеѓу глобалната биолошка разновидност и климатските кризи и критичната улога што природата ја игра и во адаптацијата и во ублажувањето. Ова е важен и добредојден чекор напред. Решенијата засновани на природата можат да дадат клучен придонес и за ублажување на климатските промени и за адаптацијата, истовремено поддржувајќи го зачувувањето на биолошката разновидност, здравјето, искоренувањето на сиромаштијата и другите општествени цели договорени во рамките на Целите за одржлив развој“, истакна министерот за животната средина и просторно планирање Насер Нуредини во поздравното обраќање.
“Постои итна потреба да се делува на сите нивоа доколку сакаме да спречиме понатамошна деградација на животната средина и да се прилагодиме на ефектите од климатските промени. Решенијата засновани врз природата имаат суштинска улога во ублажувањето и адаптацијата на климатските промени и намалување на ризиците од катастрофи. Сепак, за да бидат РЗП ефективни, треба да бидат целосно препознаени во политиките, законите и националните финансиски планови“, истакна Борис Ерг, директор на регионалната канцеларија на IUCN за Источна Европа и Централна Азија.
„Ја поздравуваме решеноста на клучните носители на одлуки во Северна Македонија да ја препознаат РЗП како можност за подобра интеграција на паметните климатски политики и нивната широка имплементација на теренот”, додаде тој.
“Ризиците од катастрофи, поврзани со ефектите од климатските промени, од година во година се сè поизразени и предизвикуваат сериозни последици по животот и здравјето на луѓето, материјалните добра и голема деградација на животната средина.Заради тоа, во рамките на националниот Систем за управување со кризи, се планираат и спроведуваат сеопфатно координирани мерки за превенција, ублажување и адаптација“, истакна директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов.
Како заеднички концепт кој сѐ повеќе се развива во светски рамки, пристапот Решенија засновани врз природата се фокусира на адресирање на развојните предизвици, истовремено обезбедувајќи позитивни резултати за поврзани со биолошката разновидност и човечката благосостојба. РЗП обезбедуваат економични решенија кои претставуваат развиена артикулација на инклузивно и партиципативно управување со природните ресурси, помагајќи им на луѓето и на планетата. Обезбедувањето на квалитетот на имплементацијата на РЗП е обезбедено од Глобалниот стандард на IUCN за РЗП, лансиран од IUCNво 2020 година со цел да се исполни потребата за стандардизиран пристап за дизајнирање, имплементација, евалуација и верификација на интервенциите на РЗП. Преведен на македонски јазик, меѓу другите шест глобални јазици, Стандардот е суштинска рамка за да се зголеми обемот и влијанието на пристапот на РЗП, спречување на несакани негативни исходи или злоупотреба и да им се помогне на креаторите на политики, агенциите за финансирање и другите засегнати страни да ја проценат ефективноста на интервенциите на РЗП.
Настанот е организиран во рамки на проектот ADAPT: Решенија засновани врз природата за отпорните општества во Западен Балкан, а во тесна соработка и со Центарот за управување со кризи на Република Северна Македонија, со цел да се подигне свеста за важноста на зголемување на отпорноста на екосистемите и заедницата на климатските промени и деградацијата на животната средина со примена на решенијата засновани врз природата на Северна Македонија. Овој настан ги собра релевантните засегнати страни, менаџерите на природните ресурси и клучните национални чинители за зачувување на природата, вклучувајќи ги и високите владини претставници, претставници од меѓународни организации, невладини организации, академијата и приватниот сектор во заедничката акција за адресирање на адаптацијата на климатските промени и намалување на ризикот од катастрофи во државата
Проектот ADAPT е тригодишна иницијатива финансирана од Шведската агенција за меѓународна соработка (СИДА) и имплементирана од Регионалната канцеларија на IUCN за Источна Европа и Централна Азија. Проектот работи на зголемување на отпорноста на екосистемот и заедницата на климатските промени и ризици од катастрофи со примена на Решенијата засновани врз природата во шест економии од Западен Балкан, вклучувајќи ја и Северна Македонија.
Глобалниот стандард на IUCN за решенија зановани врз природата и Упатството за стандардот се достапни на библиотечниот портал на IUCN на линковите подолу на македонски и албански јазик:
- Превод на македонски: Глобалниот стандард на IUCNи Упатството
- Превод на албански: Глобалниот стандард на IUCNи Упатството
За повеќе информации за проектот ADAPT, ве молиме посетете ја веб-страницата на IUCN ADAPTи ФБ страната на ADAPT.