Регионална ГЕФ работилница за замјите на Источна Европа и Централна Азија

Министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, ја отвори 4-дневната работилницата на ГЕФ под наслов „Проекти на партнерството на ГЕФ за генерирање глобални еколошки придобивки “. ГЕФ работилницата овозможува присуство на  претставници од 16 земји од регионите на Источна Европа и Централна Азија.

3Работилницата цели кон заедничко споделување на искуства од развојот и спроведувањето на проектите на ГЕФ помеѓу земјите-учеснички, како и нивната интеграција во рамките на националните политики.

6‘’Никогаш во историјата на човештвото светот не се соочил со толку многу еколошки закани. Климатските промени сега се нарекуваат климатскa вонредна состојба. Ја губиме биолошката разновидност со алармантна брзина.  Океаните,  морињата и реките се гушат со пластика, а ние продолжуваме да произведуваме токсични хемикалии кои се штетни за луѓето и дивиот свет. За милиони луѓе, пристапот до свежа вода и санитарни услови е се огромен предизвик. Силно верувам дека во текот на оваа работилница сите ние ќе имаме единствена можност барем да иницираме активности за справување со некои од најургентните еколошки закани, кои се познати под терминот „тројна планетарна криза“, да размениме искуства и добри практики од вашите земји и региони” рече Шукова во своето обраќање.

78