Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини и постојаната координаторка на Обединети Нации во Република Северна Македонија Н. Е. Росана Дуџиак ја остварија првата средба во новиот мандат на министерот Нуредини.
На состанокот беше потврдена заложбата кај двете страни за заедничка соработка која води кон просперитетна, инклузивна и отпорна Република Северна Македонија во делот на животната средина. Имено, се реафирмираа долгорочните клучни приоритети од областа на животната средина и климатските промени, на кои што Министерството за животна средина и просторно планирање заедно со Агенциите на Обединети Нации во РСМ соработуваат при нивна имплементација долг период наназад.
Стратешките документи „Рамка за соработка на Обединети Нации 2021 – 2025“ и „Програмски Документ на УНДП 2021 – 2025“ се програмски визии за системот на трансформација кој води кон забрзан, инклузивен зелен економски раст на Република Северна Македонија, заклучија соговорниците.