(Јули 2019г.) Министерството за животна средина и просторно планирање со поддршка на советникот за животна средина на претседателот на Владата на Република Северна Македонија организираа студиска посета за градоначалниците и советниците од општините од Источниот и Североисточниот плански регион и општина Свети Николе, во Република Србија. Посетата имаше за цел запознавање со функционирањето на регионалниот систем за управување со комунален отпад за југозападниот регион на Р. Србија (Златиборско – Моравската област). Домаќин на делегацијата беше градоначалникот на општина Чачак, Милун Тодоровиќ, а делегацијата имаше можност да ја посети претоварната станица за комунален отпад во општина Чачак и регионалната депонија во Дубоко, општина Ужице која опслужува 9 општини и околу 350 000 жители од оваа област. Особено од голема важност за делегацијата беше тоа што можеа да видат како функционира регионален систем за управување со комунален отпад во блиското опкружување, а кој што треба да биде воспоставен и за општините во Источниот и Североисточниот плански регион и општина Свети Николе. Овој систем ќе биде финансиран со грант од Европаската Унија преку ИПА 2 програмата од Секторската оперативна програма за животна средина и климатски акции, програмски период 2014-2020.