Заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска, вчера, учествуваше на националната консултативна средба за нацрт стратешката рамка подготвена од страна на Фондот за природа „Преспа – Охрид“ (ПОНТ), со цел проширување на неговото делување во Охридскиот регион.
– Заштитата на подрачјата кои поседуваат природни реткости и вредности има голем придонес за социо-економскиот развој во земјата. Денешниот настан за проширувањето на делувањето на ПОНТ во Охридскиот регион преставува можност сите засегнати страни, вклучувајќи ги државните органи и општините Струга, Охрид, Вевчани и Дебрца, сите релевантни граѓански организации кои спроведуваат активности во поширокиот Охридски регион и други заинтересирани страни да дискутираат и дадат свои забелешки и коментари по однос на нацрт стратешката рамка – истакна заменик министерката Оџаклиеска во своето воведно обраќање.
Таа додаде и дека со проширувањето на делувањето на ПОНТ во поширокиот Охридски регион ќе се постигне прогрес во однос на заштитата и управувањето со заштитените подрачја и нагласи дека особено е важна поддршката на субјектите за управуваање со заштитените подрачја во нашата држава, кои денес зафаќаат површина од околу 13.47 % од националната територија.
На настанот беа презентирани приоритетните акции на нацрт -стратешката рамка на поширокото охридско подрачје, беа споделени искуствата од поддршката на PONT за преспанскиот регион и ПОНТ беше претставен како нетрадиционален механизам за финансиска поддршка за заштита на биолошката разновидност.
Обраќање имаше и извршниот директор на Фондот за природа Преспа-Охрид (ПОНТ), Миријам де Конинг.