ПРОМОЦИЈА НА ВТОРАТА ЕНЦИКЛИКА НА ПАПАТА ФРАНЦИСК „СЛАВА ТЕБЕ“ НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

Министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова присуствуваше на промоција на книгата ”Слава тебе”(Laudato Si) .

”Слава тебе” е енциклика на папата Франциск за грижата за заедничкиот дом кое во светската јавност и се смета за глобален повик за здружена акција за заштита на животната средина и се зборува за новите современи патишта преку кои човекот сам, како и со другите во општествената заедница може да го зачува и трајно да го заштити својот дом.

Издавач на книгата „Слава тебе“ на македонски јазик е Македонската комисија за односи со верските заедници по одобрение на ватиканскиот Дикастер за комуникации, а во соработка со Скопската бискупија на Католичката црква.