Проектната група на финансиери на WBIFдаде позитивна оценка за одобрување инвестициски грант за изградба на пречистителна станица за отпадни води за Град Скопје

На 29от состанок на Проектната група на финансиери  (PFG) на Инвестициската рамка за Западен Балкан (Western Balkans Investment Framework), кој се одржа на 12 мај годинава, учествуваа 120 ученици од Европската Комисија, меѓународни финансиски институции (EIB, EBRD, CEB, KfW, WBG, AFD, EIF), билатерални донатори, претставници на корисниците од Западен Балкан и претставници од Секретаријатот на Енергетска Заедница.

Во рамки на петиот повик за Инвестициски грантови на WBIF, Република Северна Македонија, преку Министерството за животна средина и просторно планирање поднесе Апликација за проектот за Изградба на станица за пречистување на отпадните води за Град Скопје и истата беше позитивно оценета од страна на проектната група на финансиери. И покрај тоа што преку овој инвестициски грант се очекуваа 10 милиони евра,  одобрени се средства во висина од 15,691,977 евра.

wbif_grant

 

Формалното одобрување на инвестицискиот грант за овој важен инфраструктурен проект треба да се случи на состанокот на Управниот Комитет на WBIF кој ќе се одржи на 9 – 10 јуни 2020 година.

Ова претставува најголем проект во областа на заштитата на животната средина во Република Северна Македонија досега, финансиран со грант средства од страна на WBIF.