ПРИКАЗНА ЗА МЕЧКИНОТО ГРОЗЈЕ И ЛУЃЕТО

Погледнете ја “Приказна за мечкиното грозје и луѓето“и дознајте за лековитото злато на нашата земja. Седумнаесет минутното видео прикажува редок вид растение кое традиционално се собира во нашата држава.

Prikazna za meckinoto grozje i lugjeto

Преку видеото ќе дознаете дека:

  • Добриот квалитет на суровината и опстанокот на растенијата можеме да го обезбедиме само ако се придржуваме кон неколу правила, прикажани со анимација.
  • Експертите препорачуваат мечкиното грозје да се собира од септември до октомври. Тогаш плодовите се оформени и зрели, а листот има највисока концентрација на лековитата состојка арбутин.
  • Собирањето диви растенија за трговски цели, производство и други економски активности треба да се врши со дадена дозвола. Дозволата за собирање на диви видови ја издаваат Министерството за животна средина и просторно планирање и Јавното Претпријатие Македонски Шуми.
  • Собирањето диви растенија во големи количини за трговски цели во Европа се практикува само во неколку Балкански земји. Нашата држава е една од ретките во кои собирањето на мечкиното грозје е дозволено поради неговата економска важност за локалното население, а надлежните институции ги дефинираат правилата и вршат контрола.

Република Северна Македонија има местоположба и клима кои придонесуваат да биде една од најбогатите земји во Европа во однос на биолошката разновидност. Дивите растенија претставуват важен дел од ова богатство, не само за природата, туку и за луѓето, а особено за оние кои живеат во планинските рурални средини. Грижата за природата и нејзините ресурси е заедничка одговорност, затоа треба да ја заштитиме, слично како што ги чуваме и нашите домови и градини.

Ресурсите на диви растенија собрани од природата се обновливи, но не и неисцрпни. Државата е соочена со предизвикот да ја најде рамнотежата и токму затоа прави напори да постави правила за одржливо собирање на плодови и диви растенија од природата. За таа цел потребна е редовна проценка на количините и набљудување на популациите на одредени видови кои интензивно се користат, како што е мечкиното грозје. Употреба на ова лековито растение, без да се загрози неговиот опстанок е од заеднички интерес за сите, за институциите, за локалното население и сите граѓани на Република Северна Македонија. Само со помош на локалните заедници можеме да го заштитиме овој вид, а знаењето, вештините и грижата на собирачите се клучни за неговиот опстанок во иднина.

Видеото е подготвено во рамките на проектот Постигнување на заштита на биолошката разновидност преку воспоставување и ефикасно управување со заштитените подрачја и интегрирање на биолошката разновидност во планирање на користење на земјиштето финансиран од Глобалниот фонд за животна средина, а се имплементира преку Програмата за животна средина на ОН и Министерството за животна средина и просторно планирање Проектната активност ја спроведе Фондацијата Информација и заштита на природата, подружница во Република Северна Македонија.

Линк: https://www.youtube.com/watch?v=S-IfXqZM16o