Денеска во Скопје се одржа 12-та седница наИнтерресорската работна група за следење на состојбата со квалитетот на амбиенталниот воздух, чиј претседател е заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули.
На почетокот, заменик министерот информираше за статусот на реализација на мерките и активностите од Програмата за 2019 и ги презентираше новите предлог-проекти за новата програма за намалување на аерозагадувањето за 2020 година, кои ќе бидат систематизирани во четири основни столба, и тоа: административно – управни, техничко – технолошки, мониторинг и здравствен индикатор.
Потоа на состанокот, следуваше опсежна дискусија за секој столб и секој проект поединечно, а воедно можноста за нови предлози ќе биде отворена и за академската зедница и за НВО секторот, со одржување на дополнителни средби и состаноци, со крајна цел изработка на Програма за намалување на аерозагадувањето за 2020г. која ќе содржи квалитетни мерки и активности кои ќе претставуваат солидна основа за успешна реализација на целата програма.