Mинистерката за животна средина и просторно плaнирање Kaja Шукова, денес во својот кабинет одржа работен состанок со претставници на Германската компанија “GSS Smart Solutions Gmbh”. На состанокот се разговараше за можноста за идна соработка која би вклучила трансфер на know-how знаења и употреба на нови технологии кои би били имплементитрани на полето на остварување на енергетска ефикасност во нашата држава, и при решавање на предизвиците кои македонските градови ги имаат со загадувањето на амбиенталниот воздух.
Претставниците на германската компанија на состанокот ги презентираа можностите на нивните нови технологии и досегашните искуства кои тие ги имаат во овие области. Mинистерката Шукова, заблагодарувајќи се на интересот и презентацијата на новите технологии најави дека ќе биде направена детална анализа на функционалноста на презентираните технологии, по што ќе се донесе одлука за можната нивна примена и во нашата држава.