Според податоците добиени од Екоцентар 97 ДООЕЛ Скопје, на 14.01.2020 се направи првиот извоз на отпадни хемикалии согласно проектот “Отстранување, дислоцирање, уништување или неутрализирање на хемиски материи” од АД ОХИС Скопје во стечај, при што вкупно се извезени 88 буриња, од кои 84 буриња беа полни со отпаден метанол, додека пак 4 буриња беа полни со акрилонитрил. Вкупната нето количина на хемикалијата во бурињата изнесуваше 15.800 килограми од кои 15.120 килограми се отпаден метанол, а 680 килограми отпаден акрилонитрил.
Нотификацијата од овој извоз е заверена на вкупна бруто количина вклучувајќи ги и палетите и пакувањето/бурињата со вкупен износ од 16.700 килограми.
Истата е заверена од компанијата ВАЛОРЕЦ Сервисес АГ од Базел/VALOREC Services AG Basel на ден 21.01.2020 година кога камионот е пристигнат и истоварен.
Од страна на Државниот инспекторат за животна средина во саботата на 25.01.2020г. е извршен вонреден инспекциски надзор во кругот на ОХИС, при што е констатирано дека од страна на фирмата Екоцентар од Скопје е направена припрема и утовар и на втора тура историски отпадни хемикалии кои се извезуваат надвор од границите на државата. Истата на 27.01.2020г. е излезена од државата и патува за Базел. Со втората пратка се извезени 88 буриња со нето тежина 15.441 килограми метанол.