Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со општините Берово и Пехчево, Ве поканува на Јавна расправа по Нацрт-Одлука за прогласување на дел од Малешево за Заштитен предел.
Јавната расправа ќе биде организирана on line на ЗООМ платформата на 02.09.2021 година (четврток), со почеток во 11:00 – 13:30 часот.
Линк за вклучување:
https://us02web.zoom.us/j/86849291529?pwd=aC9jdzliaFRnd1RjTnl4Rlh6YmtOZz09
Meeting ID: 868 4929 1529
Passcode:849469
Заради транспарентост во постапката и вклучување на локалното население ќе се врши ре-продукција во живо на јавната расправа во Општините Берово и Пехчево. Локалното население ќе може да ја следи и учествува во јавната расправа преку видео бим кој ќе биде поставен во Општина Берово во дворот на детската градинка ОУДГ “23 Август” како и во општина Пехчево во дворот на Едукативниот центар за зачувување на природата во Негрево. На овие локации ќе бидат почитувани КОВИД мерките пропишани од Владата на Република Северна Македонија.
Нацрт-Одлуката е објавена на Единствениот национален електронски регистар на прописи во Република Северна Македонија (www.ener.gov.mk) како и на веб страната на Министерство за животна средина и просторно планирање (www.moepp.gov.mk).
Коментари/мислења/сугестии по Нацрт-Одлука за прогласување на дел од Малешево за Заштитен предел може да доставите писмено до Министерство за животна средина и просторно планирање на следнва поштенска адреса: Плоштад „Пресвета Богородица“ бр. 3, 1000 Скопје како и на следнава емаил адреса infoeko@moepp.gov.mk, најдоцна до 10 дена по одржување на јавната расправа.
Ве молиме Вашето учество на јавната расправа да го потврдите на следната електронска адреса најдоцна до 31.08.2021(вторник): skj.mzspp@gmail.com или кај Дијана Соколовска на: +389 76 233 020.